ЛЕВЕЛ СЕДУМ ДООЕЛ е агенција за недвижности регистрирана како правен субјект чија основна дејност е посредување при промет со недвижности согласно законската регулатива во Република Македонија.
Врз основа на нашето делување на пазарот на недвижности секогаш ги применуваме следниве основни начела:
Понудата на недвижен имот со која располагаме е проверена и селектирана од страна на нашиот тим со што на нашите клиенти секогаш транспарентно им се прикажани сите детали за недвижностите со кои располагаме.
Во нашето долгогодишно делување на пазарот на недвижности применуваме најсовремени алатки и решенија кои ни ги даваат најоптималните резултати со единствена цел — задоволни клиенти.
За секој предмет или недвижност посебно применуваме продажни и маркетинг стратегии, финансиски консалтинг и целосно менаџирање на процесот на реализација.
Почитувањето на правните акти и позитивните законски прописи сметаме дека е од фундаментално значење при нашето секојдневно делување на пазарот на недвижности.
При реализација во правниот промет, а со цел за максимална правна сигурност и правна заштита на нашите клиенти, ги применуваме и почитуваме сите правни процедури во соработка со реномирани адвокатски и нотарски канцеларии.
Врз основа на нашето досегашно делување на пазарот на недвижности секогаш го применуваме „ПРИНЦИПОТ ЗА ОБЈАВА НА ЦЕНИ" за продажба и изнајмување на сите недвижности кои се дел од нашата понуда.
Сметаме дека јавно поставената цена е секогаш добар основ и битен фактор при прометот со недвижности.
Контактирајте нè за соработка при купување, продавање или изнајмување на недвижен имот.
Контактирајте нè