+389 2 321 30 80 info@level7.mk ул. Петар Поп Арсов бр.40-1/10, Скопје
ЛЕВЕЛ 7

За нас

ЛЕВЕЛ 7 е агенција за недвижности која од јануари 2009 успешно и непрекинато делува на пазарот на недвижности во Р. Македонија, континуирано инвестира во својот развој и е носител на стандардите во областа на недвижностите.

Ко сме ние

Ваш доверлив партнер за недвижности

Агенција која располага со завидна база на задоволни клиенти, со многу соработници како и со врвно селектирана и квалитетна понуда на недвижен имот.

Движечката сила на ЛЕВЕЛ 7 е младиот, амбициозен и креативен тим, чија основна цел и идеја е да се креира респектабилен бренд кој ќе биде препознатлив по своето професионално и морално функционирање, и што ќе им овозможи и гарантира на своите клиенти сигурен партнер за соработка.

Организационата поставеност и продажната способност се дел од носечките сили на ЛЕВЕЛ 7, кои претставуваат основа за справување со различни предизвици и носење на вистински решенија кои максимално ги задоволуваат барањата на своите клиенти, истовремено следејќи ја правната регулатива како основа за успешна соработка.

Од 2009 година

Успешно и непрекинато делување на пазарот на недвижности во Македонија.

Завидна база на клиенти

Многу соработници и врвно селектирана понуда на недвижен имот.

Млад и креативен тим

Амбициозен тим посветен на професионално и морално функционирање.

Мисија

Мисија и вредности

ЛЕВЕЛ 7 успеа во својот начин на работа да етаблира одредени стандарди и принципи, да применува непосредна и блиска комуникација со своите клиенти со целосна посветеност кон реализирање на нивните желби и можности.

Применувајќи ги своите начела на делување, клиентите во ЛЕВЕЛ 7 препознаа сигурен партнер при изборот на нивниот дом или инвестиција — со подобра информираност, подобра понуда и поголема придобивка.

Професионалност 100%
Моралност 100%
Чесност 100%
Одговорност 100%
Почитување на правните акти 100%
Визија

Визија и идни планови

Стратешката определба на ЛЕВЕЛ 7 е лидерска позиција на пазарот на недвижности и креирање на респектабилен бренд препознатлив по својот начин на работа, иновативност во понудата и успешна деловна соработка со повеќе реномирани градежни компании, деловни банки и други институции.

Квалитетна услуга

Персонализирана и професионална поддршка за секој клиент, од прв контакт до завршување на трансакцијата.

Широк спектар на недвижнини

Станови, куќи, деловни простори и земјишта — селектирана понуда за секоја потреба и инвестиција.

Доверливост и сигурност

Транспарентна соработка, почитување на правните акти и сигурен партнер за вашиот дом или инвестиција.

Сакате да соработувате со нас?

Контактирајте нè и откријте зошто ЛЕВЕЛ 7 е вистинскиот избор за вашата следна недвижност.

Контактирајте нè